Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетињо, го сака тренерското место во Манчестер Јунајтед.

Според Mirror.co.uk, тоа е возможно бидејќи сегашниот тренер на „Ѓаволите“, Оле Гунар Солскер, ќе биде отпуштен, ако екипата заврши под шестото место во Премиер лигата.

Според островјани, Почетињо е подготвен да влезе во игра за позицијата на „Олд Трафорд“ и да ја преземе улогата на Солскјер за подмладување на тимот кој во следната сезона според управата мора да се бори за водечките позиции на табелата.

Неодамна Почетино ја одби Барселона, кој исто така му понуди тренерска позиција.