Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, лондонски Тотенхем е специфичен клуб по многу работи но се издвојува по улогата која ја има претседателот на клубот. Даниел Леви често е критикуван поради неговиот однос и тврдоглавоста кога се во прашање купувањето на нови играчи продажбата на оние кои се под договор со европскиот вицепрвак.

„Не ја познавам ситуацијата со моите играчи.Купувањето, продавањето на играчи и потпишувањето на нови договори не е во моите раце, за тоа одлучува клубот и претседателот Даниел Леви. Клубот треба да ја промени мојата титула. Секако јас сум шефот но за стратегиските планови, во другите сегменти не знам. Денеска се чуствувам повеќе како тренер.“ – изјави  предводникот на „Спарс“ Покетињо.

Покетињо ова лето се поврзуваше со заминување од Лондон но засега останува на кормилото на Тотенхем.