Францускиот фудбалски првак, ПСЖ во летниот преоден рок ќе се обиде да најде адекватна замена за Кејлор Навас, откако 34 годишниот голман, не ги задоволувал критериумите на Покетино.

Според островски „Сан“ Покетино верува дека со Де Геа, неговиот тим ќе добие на сигурност и на искуство, нешто што недостасува неколку години на голот на парижаните.

Де Геа не е во најдобра форма во последните неколку месеци, а до крајот на март најверојатно нема да биде на голот на Јунајтед откако доби дозвола да се врати во Шпанија каде со неговата девојка го доби првото дете.

Јунајтед веќе има замена за Де Геа, па ако Дин Хендерсон се докаже како добра опција во следните неколку натпревари, нема да биде изненадување ако Де Геа биде продаден во ПСЖ во јуни.