Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ги брои последните денови на клупата на Спарс.

Ова доаѓа по срамниот пораз од Баерн Минхен со 7-2 во Лигата на шампиони. Аргентинецот е незадоволен од екипата во која очигледно атмосферата не е на потребното ниво. И покрај лошите игри на Тотенхем сопственикот Леви ќе се обиде да го задржи Покетино, за кого Реал Мадрид е заинтересиран да го виде на својата клупа.

На излезните врати од Тотенхем се наоѓаат и Кристијан Ериксен и Алдервилд, како и Хари Кејн за кого скоро сите европски гиганти се заинтересирани да го доведат.

Тотенхем во последните 5 меча има само една победа, а за издвојување е елиминацијата на пенали од нисколигашот Колчестер од Лига купот на Англија.