Маурисио Покетино нема да има голема пауза по отказот од Тотенхем, најверојатно брзо ќе биде ангажиран и тоа од Баерн Минхен.

Ова го јавуваат дел од медиумите во Германија кои најавија дека Аргентинецот ќе биде нов тренер на шампионот Баерн Минхен.

Според овие извори, Покетино веќе ги започнал преговорите со гигантот од Германија, детали нема но Баерн Минхен е во потрага по нов тренер откако му врачи отказ на Нико Ковач.