Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино откри дека Килијан Мбаше стало се распрашува за животот во Премиер лигата и инсистира на комуникација на англиски јазик, иако може да се разбираме и на француски и шпански.

„Килијан го сака фудбалот и сака да разговара за фудбалот. Ме испрашува за Англија, каква е играта, каков е менталитетот и културата“– вели за Гуардина Покетино, кој седум години работеше во Премиер лигата, една и пол година како менаџер на Саутемптон, како и пет и пол на Тотенхем.

„Има само 22 години, но многу е зрел, отворен и уверен во својот талент. Освен францускиот совршено го зборува и англискиот и шпанскиот јазик. Со него најмногу разговарам на англиски. Пред некој ден му кажав дека би требало да разговараме на француски како би можел да вежбам, но ми одговори дека за него е најдобро да зборуваме на англиски. Сака да се служи со различни јазици“- вели аргентинскиот тренер.

Овие зборови на Покетино може да ги заинтригираат навивачите на англискиот великани, ако ги протумачат како директен интерес за играње во Премиер лигата.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во летото 2022 година и веќе наводно одбил четири понуди за продолжување на истиот, а од поодамна се поврзува со Реал Мадрид. Неанглиските медиуми се уверени дека заминувањето во Мадрид или останувањето во Париз, се двете најизгледни опции во моментов.