Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино денес изјави дека ги очекува тежок дуел со Манчестер Сити во рамки на Лигата на шампионите.

“Ние сме мирни. Знаеме дека ќе мора многу да се бориме за да победиме фантастичен тим како Манчестер Сити. Ќе биде тешко и ќе мора да играме најдобро што можеме”, рече Покетино на прес-конференцијата.

Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ПСЖ и Сити го играат утре од 21 часот во Париз.

Покетино зборуваше многу за Сити и тренерот Пеп Гвардиола.

“Мислам дека Сити е еден од најголемите тимови во светот со, исто така за мене, најдобриот тренер. Дали ќе биде потешко отколку против Баерн? Не знаеме”, рече Покетино.

Фудбалерот на францускиот клуб Нејмар изјави дека неговиот тим е на вистинскиот пат.

“На добар пат сме. Атмосферата е фантастична и ќе продолжиме да работиме за да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите”, изјави Нејмар.