Маурицио Покетино денеска одржа прес конференција за медиумите во која говореше за утрешниот меч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а проговори и за проблемите во соблекувалната.

На натпреварот меѓу Монпеље  дојде до проблеми во односите меѓу Килијан Мбапе и Нејмар. Камерата го фати тоа, а тоа беше момент кога Мбапе на клупата се жалеше дека Нејмар не му ја додава топката кога се на теренот.

Тренерот на ПСЖ се обиде да ги објасни околностите поради кои дојде до проблем меѓу соиграчите, што доведе до реакцијата на Мбапе. Тој тврди дека тоа се е заборавено кога се тиа два во прашање.

„Тоа се двајца фантастични ликови. Во фудбалот се случуваа такви работи меѓу фудбалерите. Многу врева се крена надвор од клубот, но внатре тоа не се почувствува. Поразговараа, јас исто така разговарав со нив и веќе на тренинг се смееја и шегуваат“– изјави Покетино, па додаде:

„Што се однсеува до замените, екипата е мирна. Играчите се смирени и добро работа на тренинзите. Ние сме посебен клуб и мораме да бидеме свесни дека ќе минуваме низ посебни ситуации, онакви какви што другите клубови не ги гледаат.“