Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси беше лут на тренерот и сонародник Маурисио Покетино бидејќи го извади во 75. минута од дерби натпреварот против Олимпик Лион.

Покетино подоцна објасни дека го извадил Меси од страв од повреда пред важните натпревари, и се покажа дека шефот на стручниот штаб на Пари Сен Жермен бил во право.

Еден ден по натпреварот, Меси пристигна во тренинг центарот во Париз повреден.

„Тимот“ пренесува дека Меси во понеделникот пристигнал во тренинг центарот со повреда на коленото

Тие наведуваат дека тоа има врска со натпреварот против Венецуела, кога доби силен удар во левото колено.

Меси одеше отежнато и се потпре на десната нога и не тренираше со тимот.

Целото време го помина во собата за опоравување.