Менаџерот на ПСЖ, Маурисио Покетино беше видно задоволен од реакцијата на неговите играчи по победата против Лајпциг во Лигата на шампионите.

Мбапе и Меси беа главните играчи во победничкиот тим и на крајот заслужено ги собраа честитките и пофалбите.

„Свесни сме дека многу работи треба да се подобрат, се мора да се анализира за да „кликнеме“ како што треба. Точно е дека со вака талентиран состав, со играчи како што се Меси и Мбапе, а денеска и Дракслер, многу е лесно да се користи нападот, но ни недостига конекцијата со останатите во тимот. “ – изјави Покетино.