ПСЖ е во неповолна позиција во обидот да дојде до финалето од Лигата на шампионите, за ова да се случи вечерва на „Етихад“ треба да го победи Манчестер Сити со два разлика, предизвик кој е сериозно тежок.

Мбапе не е подоготвен за 90 минути, барем по тоа што го најавуваат од Франција, но и покрај ова Покетино побара од играчите и навивачите да веруваат во спортско чудо.

„Во фудбалот мора да верувате, ќе се обидеме да победиме и да постигнеме голови. Секако дека сме под притисок, но во фудбалот едностано мора да се обидете да направите нешто и кога работите се свртени против вас.“ – објасни Покетино.