Трите гола против Барселона во ЛШ ја потвдија класта на Килијан Мбапе кој заедно со Халанд во следните десетина години треба да доминираат во светскиот фудбал и достојно да ги заменат Роналдо и Меси.

Мбапе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино верува дека тоа нема да се случи иако засега не демантира ништо.

„ПСЖ може да му овозможи на Мбапе слобода и услови за тој да биде среќен. Мислам дека се ќе биде расчистено за кратко време.“ – вели Покетино околу преговорите за нов договор со талентираниот напаѓач.

Тренерот на ПСЖ на прашањето дали Лионел Меси ќе се пресели во Франција, орговори: Можам само да кажам здраво и пријатно, не зборувам за работите во иднина.