ПСЖ синоќа победи со 2:1 по драматичниот пресврт во последните минути од мечот, со што беше подобар од Лион и дојде до шестата победа во исто толку лигашки меча.

Сепак победата ја засени моментов 66-тата минута. Тренерот Маурицио Покетино одлучида го замени Лионел Меси и во игра да го внесе Ашраф Хакими, што на Аргентинецот не му се допадна, па одби да се поздрави со тренерот при излегувањето од игра.

Покетино по натпреварот во изјава се обиде да појасни што се случило, а истакна и дека меѓу него и Меси нема проблеми.

„Сите знаат дека имаме низа одлични играчи, имаме тим од 35 одлични играчи. Меѓу нив мораме да бираме кадар за мечевите, но и да се прават промени во текот на мечот како би го направиле она што е најдобар за секој играч. Некогаш одлуките се добри, некогаш лоши, но тренерот е тој кој мора да носи одлуки. Може тоа да му се допаѓа на некого или не. Го прашав Меси како е, рече дека се е во ред. Нема проблеми“– изјави Покетино.