Престојниот викенд фудбалска Европа ја очекува најголемото светско дерби дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона, популарното „Ел Класико“.

И оваа сезона двата тима се борат за насловот во шпанска, а по поразот на „кралевите“ од Левате, Барселона ја превзде лидерска позиција на табелата.

Зинедин Зидан нема да може да смета на Еден Азар поради повреда, но шпанските медиуми објавија дека би можел да остане и без капитенот Серхио Рамос.

Рамос се наоѓа под истрага поради неговото однесување во мечот против Леванте, во кој главниот судија бил навреден со погрдни зборови од шпанскиот репрезентативец.