После Герет Бејл, за кого е скоро јасно дека летово ќе замине од Реал, шпанските медиуми сега тврдат дека на излезна врата е и Џејмс Родригез.

Родригез и минатото лето беше „зрел“ за продажба, па дури се водеа преговори со Наполи и со Атлетико, но на крајот преживеа и остана во Реал.

Сепак, Колумбиецот и оваа сезона не ги исполни очекувањата. Одигра само 13 средби и постигна 1 гол, комбиниран со 2 асистенции.

Најголемиот проблем за Реал се финансиите. Имено, сега е невозможно да се врати вложеното во Родригез, кој во 2014 година е купен за 88 милиони евра од Монако.

Се на се, Реал за Бејл и за Родригез плати 200 милиони евра, а сега не може за нив да добие и третина од оваа сума.