Манчестер Јунајтед наскоро ќе мора да одлучи, дали ќе се обиде да го продолжи договорот со Пол Погба или да почне да ги разгледува понудите од заинтересираните за репрезентативецот на Франција.

По најавата дека Реал Мадрид е подготвен да го понуди Герет Бејл и плус кеш за да го добие Погба уште во јануари, медиумите од Италија тврдат дека Погба сепак повеќе би сакал да се врати во Јувентус.

Островските медиуми пак тврдат дека Солскјер нема намера да се откаже од Погба и побарал од раководствот на клубот да започне преговори за нов договор со креативенцот.