Солскјер може  да биде среќен, Пол Погба почна да лични на фудбалерот кој играше одлично во Јунајтед додека во тимот беше Ибрахимовиќ.

Французинот го постигна голот за победа против Фулам, по кој Јунајтед се врати на врвот на табелата во Премиер лигата.

„Ова беше голема победа за нас. Знаевме дека ќе биде тешко, тие притискаа добро но ние останавме компактни и успеавме со пресврт да дојдеме до посакуваната победа. Едноставно ја удрив топката, не очекував дека ќе успеам со лева така да погодам, но ако не се обидете нема да постигнете гол. Ова беше прекрасен гол и прекрасна победа, не е ова мојот омилен гол но сепак е убав. Бев многу лут што не дадов гол против Ливерпул во таа шанса, можеби требаше да бидам попрецизен но сега ми успеа тоа. Во Премиер лигата секогаш е тешко, но знаеме што сакаме, сакаме да победиваме, среќени сме кога го правиме тоа на теренот а налутени кога губиме бодови.“ – изјави Погба.