Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, го коментираше Ливерпул.

Ливерпул е далеку пред сите и тие оваа сезона не загубија ниту еден натпревар во англиското првенство. Всушност, тие се на чекор од титулата. Како фудбалер на Манчестер Јунајтед, јас не сакам Ливерпул да ја освои Премиер лигата, бидејќи не сакам друг клуб освен мојот да стане шампион. Но, како човек и како љубител на фудбалот, должен сум да кажам дека Ливерпул заслужи да биде таму каде што се наоѓа сега“, изјави Погба за ESPN.

Ливерпул е водечки во Премиер лигата, со 76 бода од 26 средби. Манчестер Јунајтед има 41 бод и е петопласиран.