Оле Гунар Солскјер за прв пат по ангажманот на Фернандес во исто време во составот го има на располагање и Пол Погба.

„Црвените Ѓаволи“ неколку дена работат интензивно на подигнување на формата пред најавениот рестарт во Премиер лигата.

На последниот термин наменет за тренинг, беше одигран контролен натпревар на „Олд Трафрод“ меѓу играчите на Јунајтед. Во различни дресови со Погба во едниот а Фернандес во другиот тим.

Според последните информации од Англија во добра форма е и Маркус Рашфорд ко јсе врати по повредата на грбот а во полн ритам работата и Лингард и Мектоминеј.

Оле Гунар Солкјер бил видно задоволен од пристапот на играчите и очекува успешен рестарт на сезоната и продолжување на битката за пласман во Лигата на шампионите.