Репрезентативецот на Франција, Пол Погба демантираше дека нема да игра за неговата земја поради последните изјави и одлуки на Емануел Макрон.

Погба денеска е на удар на повеќе медиуми во Европа, по што плејмејкерот на Јунајтед излезе со официјален став по однос на последните најави.

„Разочаран сум, лут, шокиран и фрустриран поради тоа што некои медиуми ме искористија мене за лажни вести за сензитивни теми поврзани со моменталната ситуација во Франција и тоа го измешаа со националниот фудбалски тим на Франција.“ – вели Погба.