Реал Мадрид ги договорил личните услови со Пол Погба и сега останува уште Манчестер Јунајтед да го каже последниот збор околку висината на трансфер ошететата. Ова го пренесуваат медиумите од Англија откако репрезетнативецот на Франција најави промена на клубот во летниот преоден рок.

„Според мене овие тие години минаа добро. Имам и добри и лоши моменти како и секој друг. Оваа сезона која е зад нас мислам дека е мојата најдобра во кариерата и сметам дека дојде време за да се пробам во друга средина. Мислам дека ми е потребен предизвик надвор од Манчестер.“ – изјави Погба.

По оваа изјава, јасно станува дека Погба посакува да го реализира трансферот во Реал Мадрид но засега останува проблем барањето на Јунајтед од 150 милиони фунти. „Кралевите“ се подготвени на повеќе варијанти околу купувањето, нудат и неколкумина играчи но сите досегашни понуди биле одбиени.