Зад Манчестер Јунајтед го дожива еден од најголемите порази во својата модерна историја како куб.

На Олд Трафорд со гоелми 0:5 победи најголемиот и вечен ривал Ливерпул. Веќена полувремето беше се решено, кога гостите водеа со четири гола разлика. Англиските медиуми жестоко нагазија врз тренерот Оле Гунар Солскјер, а некои сметаат дека тој ги бори последните деови на клупата на англискиот великан.

Сепак, една од легендите на клубот, Пол Скоплс, кој беше и соиграч со Солскјер, предвиде што ќе се случи. Тој беше гостин во студиото на БТ во текот на мечот од Премиер лигата минатата недела.

Црвените ѓаволи таму губеа со 2:0, но на крајот сепак стигнаа до победа. Млекиот влез во мечот тогаш и недостатокот на енергија беа знак дека Јунајтед нема добро да мине со Ливерпул.

„Играчите од средниот ред играат сами за себе. Ако така играш против Манчестер Сити или Ливерпул, на полувреме ќе губиш со 4:0. Ќе биде тоа крај, од такви ситуации нема враќање“- изјави легендата на Манчестер Јунајтед.