Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, легендарниот Пол Сколс ги коментираше состојбите во клубот и рехабилитацијата на повредениот Пол Погба.

Французинот сам се подготвува, одделно од екипата, што според Сколс никогаш не би го дозволил легендарниот тренер на „Ѓаволите“, Алекс Фергусон.

Фергусон никогаш не би се согласил со ова. Сега фудбалерите сами си прават тренинг планови, според свои процедури. Кога јас бев во Јунајтед, тренерот тоа никогаш не би го дозволил“, рече Сколс за BBB Radio 5 Live.

Се смета дека Погба ќе може да се врати на терен во март. Во тековната сезона тој настапи на само 7 средби во Премиер лигата и запиша само две асистенции, што е мизерен резултат за еден врвен напаѓач.