Националната полиција на Шпанија, испрати  писмо до шпанската влада во кое се бара мечот меѓу Севиља -Рома од Лигата на Европа да се игра зад затворени врати.

Тие побараа вратите на „Рамон Санчез Пискуан“ да бидат затворени за навивачите поради се поголемото присуство на коронавирусот во Европа.

„Corriere dello Sport“ пишува дека има приближно околу 600 навивачи од Италија кои купиле карти за да ја поддржат Рома, а ако пристигнат во Шпанија секој вработен во стадионот ќе носи посебна опрема за да избегне зараза.