Околу 3.000 полицајци ќе бидат распоредени во центарот на Париз и околу стадионот „Паркот на принцовите“ за време и по вечерашното финале во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Со големиот број припадници на силите на редот,, полицијата сака да спречи евентуално повторување на насилството и немилите сцени до кои дојде во Париз по победата на ПСЖ над Лајпциг во полуфиналето во ЛШ.Тогаш дел од прославата излезе од контрола и дојде до судири меѓу навивачите и полицијата, а беа изврешни и серија кражби низ продавници во центарот на француската престолнина.

Приведени беа вкупно 36 луѓе, од кои 14 се обвинети за насилство врз полицијата, а другите за кражби.

Полицијата тогаш беше критикувана дека излегла на улиците со мал број припадници и само десетина возила.

Овој пат полицијата најави дека ќе бидат затворени 17 метро станици, а блокирана ќе биде и дел од обиколницата околу Париз.

Францускиот финалист во ЛШ најави дека на стадионот „Паркот на принцовите“ ќе биде поставен голем видео бим за 5.000 навивачи.

Сите кои ќе влезат на стадионот ќе мора да ги дезинфецираат рацете и да носат заштитни маски.