Поради недостиг на докази, полицијата во Сао Пауло го затворила случајот во кој главен осомничен беше Нејмар за наводното силување на бразилската манекенка Најила Триндаде.

Агенцијата „Франс Прес“ објави дека одлуката на полициската служба и на инсекторите ќе биде поднесена во судот а тужителот ќе има 15 дена за да го прегледа случајот пред судијата да ја донесе конечната одлука.

Триндаде тврдеше дека пред неколку месеци Нејмар ја силував во хотел во Париз но оваа приказна очигледно нема да биде докажана а со тоа и напаѓачот на ПСЖ ќе избегне казна затвор.

Нејмар ги негираше сите обвинувања и преку Инстаграм јавно ги покажа пораките и фотографиите кои му ги праќала манекенката.