Рим е под полициска „опсада“, вечерва се игра дербито Лацио – Рома, како и обично се очекува голема тензија меѓу навивачките групи од главниот град на Италија.

Според последните информации од „чизмата“, најмалку 2000 полицајци ќе се грижат за безбедноста на железничката станица, под посебен безбедносен режим е аеродромот во Рим и автобуската станица.

Полицијата во Рим користи хеликоптери и дронови преку кои се следи движењето на навивачите кои се очекува да ги има над 50.000 на „Олимпико“ .

Лацио и Рома вечерва играат од 18 часот во рамки на второто коло во Серија А.