Барселона долго време беше пример како треба да се води „политиката“ на фудбалската берза, повеќе не е така а се се смени со продажбата на Нејмар за 222 милиони евра на ПСЖ.

Раководството на Барселона ја чека жешко лето, половина тим е на продажба, комплетна реконструкција на тимот, заминува речиси половина екипа. Според медиумите од Шпанија, Кутињо е прв на листата за продажба, но бразилецот импресионираше на стартот од Копа Америка па сега во клубит имаат дилеми. Следни за продажба се Иван Ракитиќ, Суарез, Боатенг, Нелсон Семедо, Малколм, Алкантара…