Манчестер јунајтед може да биде без дури шестмина фудбалери пред решавачката пресметка со ПСЖ во Лигата на шампиони в среда.
Давид де Геа е неизвесен и неговиот настап ќе зависи од наодот од медицинските прегледи.
Антони Марсијал го пропушти мечот против Саутемптон поради болест, но се уште е неизвесно дали е заразен со Коронавирус.
Лук Шо дефинитно отпаѓа за мечот со ПСЖ поради повреда, додека Алекс Телес е под знак прашалник, но речиси е извесно дека ќе отсуствува во среда.
Пол Погба и Скот МакТоминеј се очекува од денеска да се вратат во тренажен процес.
Comments are closed for this post.