Репрезентацијата на Полска се соочува со проблеми на еден месец пред почетокот на ЕВРО 2020.

Имено, денеска стана јасно дека Полјаците на ЕП ќе мора да одат без напаѓачот на Херта, Криштов Пјонтек.

Пјонтек се здоби со скршеница на скочниот зглоб на последниот првенствен натпревар за Херта и за него сезоната е завршена и тој ќе мора да оди на операција.

„Операцијата е неопходна. Пјонтек ќе има пауза од три или четири месеци”, вели Јацек Јарошевски, лекар во полската репрезентација.

Останува да видиме кој ќе го завземе местото на Пјонтек и ќе биде партнер на Левандовски во нападот на Полска на престојното ЕВРО.