Селекциите на Данска и Белгија во овие моменти го играат својот меч од второто коло на ЕУРО 2020 во рамките на групата Б , во Копенхаген.

Репрезентацијата на Данска има водство по првиот дел од 1-0 со голот на Полсен во 2 минута од мечот. Данска одигра одличен прв дел од натпреварот и постојано создаваше шанси , и покрај водството од 1-0 , за разлика од селекцијата на Белгија која речиси и да не создаде вистинска шанса пред голот на Данска.

Останува да видиме дали Данска, ќе го осигура триумфот во вториот дел ,или Белгијците ќе се соземат и ќе заличат на онаа Белгија која сме навикнати да ја гледаме.