Репрезентациите на Германија и Португалија во овие моменти го играа својот меч во рамките од групата Д на ЕУРО 2020 во Минхен , на Алианц Арената.

Германија има предност од 2-1 по првиот дел , во еден прекрасен меч , дерби во вистинска смисла на зборот.

Германците уште од почетокот најавија иницијатива и тргнаа по победата, создавајќи неколку вистински шанси но не успеаа да ги реализираат. Казната стигна во 15.минута по една контра на Португалците во која Диого Жота остана сам на десната страна , и несебично го проигра Роналдо кој го отвори резултатот.

Германците во продолжение повторно ја превземаа иницијативата и не се откажаа од израмнување, па кога тие неможеа да погодат за тоа се погрижи Диаз во 35.минута со автогол.

За иронијата да биде поголема и погодокот за водство по првиот дел, повторно беше дело на Португалците, односно Милер нафрли од десната страна а Гуереро ја затресе сопствената мрежа.

Останува да уживаме и во вториот дел од овој прекрасен, натпревар и да видиме како ќе гласи конечниот резултат.