Четири гола на петте меча во прват Првата македонска фудбалска лига на полувремето. На четири меча падна по еден гол, додека мрежите мируваат во Ѓорче Петров на мечот Македонија ЃП и Струга Трим Лум.

Брегалница во Битола води со голот на Мартин Стојанов од пенал во 36-тата минута.

Со голот на Ален Јашароски од 25-тата Скопје води против Тиквеш.

Дашмир Елези и донесе водство на Шкендија против Работнички со гол во 10-тата минута.

Со голот на Мартин Мирчевски во 32-та минута Академија Пандев води на гостувањето кај Борец во Велес.