Иднината на Пол Погба на „Олд Трафорд“  наскоро ќе биде прецизирана, пренесува островски „Сан“.

Французинот ќе го прекине предвреме одморот и ќе се сретне со Оле Гунар Солскјер за да дискутира за неговата иднина во Манчестер Јунајтед. Според „Сан“ Погба ќе бара да биде продаден ова лето во Реал Мадрид или во Јувентус.

Во моментов проблем преставува сумата која ја бара Јунајтед од зааинтересираните клубови. Утврдено е дека под 120 милиони евра и бонус од 30 милиони евра во зависност од резултатите на новиот тим, Погба нема да може да направи трансфер.

Според медиумите во Италија, Јувентус е поблуску до враќање на Погба во однос на Реал Мадрид но се ова е засега на ниво на шпекулација.