Маурицио Сари и Синиша Михајловиќ на старотот од новата сезона во најсилното фудбалско првенство во Италија ќе можат да ги предводат своите екипи преку телефон.

Ова го потврдија од италијанскиот шампионат по најавата дека поради болест, Сари и Михајловиќ нема да бидат на клупите на Јувентус и на Болоња на стартот од сезоната.

Михајловиќ се лечи од леукемија додека Сари и пневмонија. Италијанската лига го промени правилото според кое и двајцата тренери ќе имаат можност да бидат во континуирана телефонска врска со нивните помошници за време на натпреварите.

Јувентус денеска ќе и гостува на Парма додека Болоња во воведното коло ќе игра против Верона во натпревар закажан а утре.