Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе предизвика и сериозни измени по однос на законските регулативи пред се во Премиер лигата.

Ова доаѓа откако Фудбалската федерација на Англија, локалната власт и челниците на Премиер лигата се согласиле на конкретен чекор во однос на промена на правилата за добивање работна дозвола а со тоа и агажман на странски играчи од островксите клубови.

Според новите правила, сите премиерлигаши нема да можат да регистрираат повеќе од шест играчи до 21 година кои се` со странско потекло (се мисли на земји кои не се во ЕУ), додека во екипите под 18 години нема да имаат право да играат играчи без британски пасош.

Клубовите допрва треба да се огласат за новите правила, но јасно е дека на сила се враќа регулативата поради која македонските фудбалери мораа да вадат бугарски пасош за да може да играат во Велика Британија.