Шиме Врсаљко и Анхел Кореа се позитивни на Ковид-19, тие се во изолација, немаат сиомтоми и ќе го пропуштат мечот со Лајпциг во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид требаше денеска да патува за Лисабон, го одложи летот и во Португалија ќе пристигне утре.

Средбата со Лајпциг е закажана за четврток, нема одлагање, ќе се одигра според предвидениот план бидејќи сите останати играчи се негативни како и стручниот штаб на екипата.

Средбата, Атлетико- Лајпциг се игра в четврток од 21 часот.