Премиер лигата ја одложи средбата од 28. коло меѓу екипите на Манчестер Сити и Арсенал. Оваа средба требаше да се игра денес.

Причината за одложувањето е болеста на газдата на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, кај кого е констатиран коронавирус. Имено, Олимпијакос играше со Арсенал во 1/16 од Лига Европа, а газдата на Олимпијакос седел во ложата заедно со неколкумина раководители на Арсенал, а по натпреварот тој контактирал и со неколку фудбалери на „Топџиите“.

Сега сите фудбалери на Арсенал и службените лица што имаа контакт со Маринакис ќе морат да минат низ 14-дневен карантин.