Првиот меч од најголемото светско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона кое требаше да се игра на „Камп Ноу“ веројатно ќе се премести и ќе се игра на „Сантиаго Бернабе“.

Причина за ова се немирите кои владеат во Каталонија, а за 26 октомври кога и треба да се одигра „Ел класико“ најавени се големи протести во Барселона поради одлуката на Врховниот суд да голем дел на каталонски политичари им биде биде изречена затворска казна.

АС пишува дека Ла Лига сака да се избегнат ситуации кои можат да ја компромитира безбедноста.

Во следните денови ќе падне конечна одлука околу местото на одигрување и дали „Камп Ноу“ ќе остане домаќин.