Неверојатен потег направи управата на јапунскиот клуб Висел Кобе.

Тие издадоа званично соопштение во кое ги замолија навивачите да се воздржат од пеењето и навивањето на натпреварите поради коронавирусот.

Исто така, ги замолија навивачите кои имаат симптоми на прехлада или грип да останат дома, а тие кои ќе дојдат должни се да носат заштитна маска, да ги исперат рацете пред да влезат во стадионот и да ја покриваат устата пред кашлање и кивање.

Сличен потег направи и јужнокорејскиот Сувон, кој во средата на средбата од азиската Лига на шампионите им дозволи на навивачите влез само со маски на лицето.