Министерството за здравство на Шпанија и шпанската влада можат да решат да ги запрат натпреварувањата во Ла Лига и во Сегунда, поради епидемијата на опасниот Коронавирус.

Според информацијата на Cadena SER, Кралската шпанска фудбалска федерација размислува да ги сопре двете лиги. Многу работи ќе се знаат веќе денеска, кога раководството на федерацијата ќе се сретне со претставниците на асоцијацијата на шпанските фудбалери и со раководството на Ла Лига, за да дискутираат на оваа тема.

Новинарот Гиљем Балаге од своја страна исто така тврди дека во наредните неколку часа ќе биде донесено решение за сопирање на првенството.

;

Во наредните неколку часа Фудбалска федерација на Шпанија, Ла Лигата и асоцијацијата на фудбалерите ќе донесат одлука за стопирање на Ла Лигата“, напиша Гиљем Балаге.