Мадридски Реал може да се откаже од ангажманот на Пол Погба, затоа што има подобра алтернатива.

Како што пишува fichajes.com, Реал му најде замена на Погба во младиот фудбалер на Лацио, Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (24).

Според изворот, Реал е подготвен за Милинковиќ-Савиќ да даде 50 милиони евра, плус Хамес Родригез.

Милинковиќ-Савиќ настапува за Лацио од 2015 година, а оваа сезона има постигнато 3 гола, а запиша и 4 асистенции.