Тотенхем казни 48 свои членови на навивачкит клуб поради препродажба на билети од Лигата на шампионите за натпреварот со Црвена Звезда во Лондон.

Шампионот на Србија имаше забрана за доведување на свои навивачи во Лондон  од УЕФА поради расистички испади во квалификациите за ЛШ.

И покрај забраната, солиден број на навивачи на Црвена Звезда беа на трибините, купиле билети од челнови на навивачкиот клуб на Тотенхем кои ги препродале своите билети.

Тотенхем ги исклучи од членството и им одреди забрана за купување на билети на неодредено време.