Играчот од средниот ред на Трабзонспор, Џон Оби Микеле,  пред средбата од 26. коло на првенството на Турција против екипата на Башакшехир, изјави дека не сака да настапи на овој натпревар, кој на распоред е утре.

Турција е една од засега најбезбедните земји, со само 5 регистрирани случаи на Коронавирус.

Животот е поважен од фудбалот. Јас не сакам да играм фудбал во вакви околности. Секој сега треба да биде дома, со своите најблиски, со своето семејство. Сезоната треба да се прекине“, напиша Оби Микел на својот инстаграм.