Во голема акција за сузбивање на трговија со наркотици, шпанската полиција уапси десет лица меѓу кои и поранешниот фудбалер Едвин Конго (43), своевремено и играч на Реал Мадрид.

Играчот од Богота во 1999 година стигна во Реал за 5 милиони евра, но повеќе учествуваше во хуманитарните акции на „Кралевите“ и пријателските натпревари, отколку што заигра сериозен фудбал.

За Реал никогаш не дебитираше, но беше на позајмица во Ваљадолиду, Тулуз и Виториј Гимараеш, додека за репрезентацијата на Колумбија настапил на 17 натпревари. До крајот на фудбалската кариера беше дел и од Леванте, Спортинг од Хихон, како и во нисколигашките клубови во Шпанија.

По неговиот исказ даден во полиција, тој бил пуштен на слобода.