Никола Аморусо е поранешен играч на Јувентус, тој остро го критикуваше Кристијано Роналдо, не е подгтовен за СеријаА, се влече по теренот е констатацијата на поранешниот напаѓач на „старата дама“.

Според Аморусо, Португалецот треба да сфати дека ќе мора да се потруди повеќе ако сака да бид епоуспешен кај Јувентус.

„Роналдо со месеци се влече на теренот, мора да сфати дека му треба одмор, тој е стар и мора да одмара на некои натпревари, не може да игра во ист ритам. Знам дека му е тешко да признае, тој може да биде покорисен за екипата ако се прилагоди на ситуацијата, не смее да се нервира поради замените“  – констатира Аморусо.