Музафер Ејупи играч на Славен Белупо е уапсен во Хрватска по инцидентот во Копривница каде се степал со еден локален жител.

Ова го јавува порталот „podravski.hr“ , Ејупи со својот пријател претепале познат жител на Копривница кој завршил во болница.

Ејупи и неговиот пријател се уапсени и се очекуваат детали од Хрватската полиција. Причина за тепачката е наводен проблем околу паркинг место.

Славен Белупо во недела се среќава со Осјек во првата лига на Хрватска и многу веројатно е дека нема да го има на располагање Ејупи.

Ејупи во кариерата играше за Вардар од 2006 до 2010 година, Металург, Шкендија (2012/13), Турново …