Македнскиот фудбалер, Музафер Ејупи објави дека ја заврши професионалната кариера, тоа го потврди и Славен Белупо, последниот негов клуб во кариерата.

Ејупи потврди дека веќе телото „не слуша“, уморен сум вели и немам сила за повеќе.

„Психички и физички сум уморен. Здраствените проблеми кои ги имав и кои сеуште ги имам, за среќа не е ништо сериозно. Се трудев  многу, напорно работев но едноставно не иде повеќе, здравјето морам да го ценам, ова е моментот по кој морам да му кажам збогум на фудбалот“ – изјави Ејупи за клупскиот сајт на Савен Белупо.

Ејупи неодамна во Копривница беше претепан од насилници со шипки, доби сериозни повреди на главата.

Ејупи има два настапи за македонската фудбалска репрезентација, во кариерата играше за Вардар, Металург, Шкендија, Турново, Осјек, Славен Белупо…