Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел тврди дека Лаутаро Мартинез не вреди 111 милиони евра, тој не би дал толкава сума за Аргентинецот.

Росел смета дека цената на Мартинез е преценета , Барселона не смее да влезе во овој трансфер од кој ќе изгуби многу пари и нема да добие ништо.

„Никогаш не би платил за ваков играч 111 милиони, тоа е непотребно, подобро е сите сили да се вложат во доведување на Нејмар, тоа е поисплатливо“ – изјави Росел.

Барселона и Интер преговараат за Мартинез, клубот од Милано не попушта, 111 милиони евра е единствената опција за каталонците.