Езџан Алиоски е на слатки маки, Лидс го моли за нов догвор, тој има фантастични понуди од Турција, дури се шпекулира дека и усмен догвор со гигантот од Турција.

Сепак, поранешниот селектор на Шкотска, Алекс Меклиш, смета дека Лидс нема да „дозволи“ Алиоски да замине, тој е важен играч во составот на  Марсело Биелса.

„Алиоски е многу важен играч во тимот на Билеса, тоа го потврди на последниот меч со Тотенхем, игра фантастично на позицијата која му е идеална. Убеден сум  дека ќе биде среќен со подобар договор и  повеќе пари. Не  можам да замислам дека Џани нема да продолжи да игра за Лидс.  Претпоставувам дека Лидс  ќе му понуди  договор со кој на крај и ќе го задржи“ – вели Меклиш.